(ВИДЕО) Заврши најголемата трансфер сага во историјата на фудбалот – Мбапе потпиша за Реал Мадрид

by Fokus

Конечно пристигна моментот кој долго време го чекаа љубителите на фудбалот ширум светот.

Килијан Мбапе по лекарските прегледи денеска на 16 јули потпиша договор со Реал Мадрид.

Со оглед на тоа што тој е веројатно еден од најдобрите фудбалери на денешницата, висината на неговата плата, тоа што „кралскиот клуб“ долго време го „бркаше“, но и во врска со тоа што се случи, може да се каже дека трансферот на Мбапе од Пари Сен Жермен во Реал е најголемата трансфер сага во фудбалската историја.

Брзоногиот Французин го потпиша договорот во друштво на Флорентино Перез, првиот човек на мадридскиот тим, по што се потпиша на дресот на Реал со бројот девет и неговото презиме.

Претходно во текот на денот на социјалните мрежи можеа да се видат бројни видеа снимени во главниот град на Шпанија. Мбапе излезе пред навивачите, настана хаос, бидејќи многумина сакаа автограм или фотографија со фудбалерот.

Овој фудбалер во текот на летниот преоден рок во 2022 година му вети на Реал дека ќе го напушти ПСЖ како слободен играч и ќе дојде во Мадрид, но во последен момент ја промени одлуката.

Тој потпиша нов договор со парижаните, ги воодушеви навивачите на францускиот тим, а ги налути симпатизерите на Реал, но и клупското раководство.

Поврзани новости