(Видео) Заврна дожд во Калањево, ќе помогне ли во гасењето на огнот?!

by Fokus

Пред малку во Калањево заврна дожд кој ги израдува мештаните. Го дочекаа со олеснување и надеж дека ќе помогне во гасењето на големиот пожар на планината Серта.

И во Неготино краткотрајно врнеше слаб дожд, а потоа целиот град се покри со густ чад.

Според метео прогнозерите, денес се очекува дожд на планините, но и можна појава на невреме.

Пожарот кај Неготино е активен девет дена, и се гаси од копно и воздух.
Денес претседателката на државата и Врховен командант на АРМ Гордана Силјановска Давкова изврши увид на самото место на гасењето на пожарот на планината Серта од неготинска страна кај селото Калањево.

Вики Клинчарова

Поврзани новости