ВИДЕО Затвореници се изживуваат врз поранешниот началник на Кочани осуден во „Детонатор“

by fokus

На социјалните мрежи кружи видео снимено во струмичкиот затвор каде затвореници се изживуваат врз поранешниот началник на полициска станица Кочани, Ванчо Тодоровски, кој и самиот издржува казна затвор. На видеото се слуша како останатите затвореници го принудуваат да земе метла и да мете.

-Сега јас сум началник, тука. Не, не Рајка, остај метлата. Не си ти на ред, остај метлата. Земи началниче, ајде чисти. А бе чисти, ајде, чисти таму Ване! Ќе чистиш и ќе пееш, јас сум сега началник! – му вели затвореник на Тодоровски.

Вака си поминува бившиот Командир на ПС Кочани во затвор Струмица, еми он мислеше дека е многу опасен 😉

Publiée par Blagojco Brloko Gorgiev sur Lundi 24 décembre 2018

-Овој не апсеше брат. Ние сме си сега цимерчиња. Секое сабајле мораш да чистиш и да џогираш – му велат затворениците на што Тодоровски се согласува дека ќе чисти.

Бившот Командир од ПС Кочани ја води операцијата ЏОГЕР во Струмичкиот Затвор😊

Publiée par Blagojco Brloko Gorgiev sur Mardi 25 décembre 2018

Ванчо Тодоровски во 2012 година прво беше разрешен од функцијата началник на ПС Кочани од страна на тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, а потоа беше уапсен за злоупотреба на службената положба и овластување и изнудa.

Тодоровски е осуден во предметот „Детонатор“ за злоупотреба на службена положба и овластување и за изнуда. Тој принудил печалбар од Италија да му исплаќа по 100 и 200 евра за да му прости сообраќајни прекршоци.

 

Поврзани новости