Во напад со беспилотно летало рано утринава е повредено едно лице и оштетени станбени згради во два клучни града на руската област Саратов, соопшти гувернерот на регионот, југоисточно од Москва.
Видеото објавено на социјалната мрежа Х покажува наводен напад со беспилотно летало во станбена зграда. Откако дронот буквално се урна во градот, се крена огромна прашина, а потоа се појавија и други видеа кои наводно сведочат како сега изгледа внатрешноста на зградата.
Гувернерот Роман Басургин рече дека станбениот комплекс е во градот Саратов.
„Жената е хоспитализирана и во тешка состојба. Лекарите се борат за нејзиниот живот“, нагласи Басургин.
WATCH: Drone crashes into high-rise building in Saratov, Russia pic.twitter.com/IIf1TU7ijg
— BNO News (@BNONews) August 26, 2024
Според него, итните служби веднаш се појавиле на погодените локации во Саратов и Енгелс, два клучни града во овој регион, неколку стотици километри југоисточно од Москва.
За потсетување, во Енгелс има воена база за стратешки бомбардери, која Украина долго време ја напаѓа откако Русија ја започна својата целосна инвазија во февруари 2022 година.
#BREAKING : Украинский #drone врезался в 38-этажный жилой комплекс #Volga Sky в Саратове, Россия, по меньшей мере два человека получили ранения.#Saratov #Ukraine #Russia #drone #droneattack #VolgaSky #Buildinghit pic.twitter.com/IJpQuOSWrZ
— Rawat Nehra (@rawat_nehraa) August 26, 2024