Синагога во предградието на Мелбурн, Австралија, денеска е запалена додека внатре имало верници, а едно лице е повредено. Пожарот пред зори во 4:10 часот во синагогата Адас Израел, православна синагога Хареди во населбата Рипонлеа, ги принуди верниците собрани на утринската молитва да избегаат на улица. Оние кои избегале од пожарот велат дека напаѓачите ги искршиле стаклата и фрлиле молотови коктели во синагогата.
🚨 Synagogue FIREBOMBED in Melbourne overnight
I'll be on the scene all day to cover the story and hold elected officials accountable for doing nothing to combat the shocking rise of anti-Semitism in our city.
SIGN UP: https://t.co/LUukKKteWt pic.twitter.com/SeqU7uxbhV
— Avi Yemini (@OzraeliAvi) December 5, 2024
Штетата од пожарот е голема, а до 5 часот е изгаснат од екипа од 60 пожарникари со 17 возила, пренесува австралискиот медиум The Age.
„Недвосмислено го осудувам нападот на синагога во Мелбурн рано утринава“, изјави австралискиот премиер Ентони Албанес. „Имам нулта толеранција за антисемитизмот. Апсолутно нема место во Австралија.
Тој додаде: „Поединците вклучени во овој напад мора да бидат фатени и соочени со целосна сила на законот“.
STRONTZIEK >> 🇵🇸
De 'Adass Israel Synagogue' in Melbourne, Australië, is ernstig beschadigd nadat deze met brandbommen werd bestookt.
Dit is de realiteit voor Joden in Australië in de 21e eeuw. Mislukt immigratiebeleid en zwak leiderschap zijn de oorzaak hiervan.#Halsema… pic.twitter.com/QUlbW6cDoB
— Rafael Dahan ✡︎ (@rafaeldahan) December 5, 2024
Бенџамин Клајн, член на управниот одбор на синагогата, за Сиднеј морнинг хералд изјави дека верниците рекле дека напаѓачите освен што фрлале молотови коктели и кршеле прозорци, фрлале и запалива течност. Едно лице е повредено поради изгореници на раката, рече тој.
Нападот се случи откако австралиската еврејска заедница објави четирикратно зголемување на антисемитските напади откако Хамас го нападна Израел на 7 октомври 2023 година. Физичките напади врз Евреите се зголемија од 11 во претходната година на 65 оваа година.