Неименуван криминалец денеска напладне по локално време упаднал во автобус во центарот на Рио де Жанеиро и зел 18 заложници, меѓу кои има деца и постари лица, пренесува globo.com.
Поради заложничката ситуација, повикана е екипа од баталјонот за специјални полициски операции на Воената полиција, познатиот БОПЕ. Областа е изолирана, а според полицијата, биле застрелани две лица.
Една од жртвите била застрелана со три истрели и пренесена во болница. Мажот, идентификуван како Бруно Лима де Коста Соарес, бил застрелан во градите и стомакот. Според болницата, неговиот живот е во опасност.
🚨🇧🇷BREAKING: HOSTAGE CRISIS AT BRAZIL BUS STATION | 2 SHOT
Hostages are being held inside a bus at Novo Rio bus station in Rio de Janeiro. Two people have been reportedly shot.
BOPE and other police units have responded, and negotiations are ongoing.
Elite snipers are… pic.twitter.com/Yqe3oJNL0F
— Mario Nawfal (@MarioNawfal) March 12, 2024
Еден од патниците рече дека автобусот одел кон Минас Жераис кога влетал вооружениот маж.
Концесионерот кој стопанисува со автобуската станица преку соопштение извести дека имало инцидент во автобус на централната платформа.
“Веднаш контактиравме со полицијата и противпожарните власти кои се веќе на лице место. Штом ќе имаме повеќе детали за инцидентот, ќе создадеме нова позиција. Предметната област е веќе изолирана за заштита на сите патници. Се чека акција на надлежните на лице место“.