(Видео) Законот за бранители излегува во пресрет на потребите на луѓето, нема етничка димензија, порача Филипче

by Fokus

Законот за бранители излегува во пресрет на реалните потреби на преживеаните бранители, на тие со инвалидитет и на семејствата кои што имаат загинати бранители, изјави претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и пратеник, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање на денешната прес- конференција.

„Овој Закон е со цел да им се излезе во пресрет на реалните потреби и на барањата и тие луѓе кои имаат инвалидитет, на преживеаните и на семејствата коишто имаат загинати бранители. Сметам дека се што може да направиме во интерес на граѓаните и задоволување на нивните реални потреби ние го правиме и ќе го правиме и понатаму. Тука воопшто нема никаква димензија на некаква меѓуетничка поделба или подгревање на меѓуетнички тензии“, потенцираше претседателот на СДСМ и пратеник Венко Филипче.

На прашање во врска со реакциите на албанскиот политички блок дека Законот не задоволува и потреби на граѓаните Албанци и Филипче посочи дека пратеничката група на СДСМ и коалицијата е подготвена да разговара за сите аспекти, ако има потреба да се отвори и дебата на комисиската расправа со цел да се расчистат сите дилеми и доколку има потреба да се преземат дополнителни чекори за потребите на граѓаните.

Поврзани новости