217
Тешка сообраќајна несреќа утринава во Хрватска. Автомобил удрил во наплатна рампа кај Запрешиќ на автопатот А2, извести загрепската полиција.
Неофицијално, хрватските медиуми пишуваат дека 21-годишник бил зад воланот и со брзина од 230 км/ч удрил во бетонска барикада.
На местото на несреќата нема траги од кочење. Полициската истрага е завршена, јавува ХРТ.
Несреќата се случила околу 5.40 часот.