Младо момче (18) загина, а четири лица меѓу кои една девојка и тројца мажи се повредени во експлозијата што се случи утринава околу 9 часот во фабриката „Трајал“ во Крушевац, во Србија.
Тројца мажи и едно девојче се примени во Општата болница во Крушевац, тројца се на Хируршкото одделение и се свесни, додека едно лице е во Ургентниот центар, јавува репортерот на РТС.
Според првичните информации, експлозијата се случила за време на работниот процес во објектот за производство на ленти за гориво.
Како што јавува репортерот на РТС од местото на настанот, жителите на околината рекле дека се слушнала силна детонација и се треселе прозорците и вратите.
Пожарот кој избувнал како последица од експлозијата е локализиран, а на местото на настанот се обезбедуваат припадници на полициската управа Крушевац и на Службата за вонредни ситуации.
Интервенцијата е во тек.
View this post on Instagram