Премиерот Зоран Заев, денеска преку видео обраќање порача дека Законот за употреба на јазиците е сериозен придонес во градењето на концептот „Едно општество за сите граѓани“.
„Оваа наша, и европска вредност, ја доби поддршката од мнозинството граѓани на последните парламентарни избори, но и на локалните избори. Таа вредност: Македонија – земја на сите граѓани, е концепт и патоказ за нашата иднина. Се определивме за политики што ја градат Република Македонија како граѓанска држава на сите кои живеат во неа: Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други заедници“, рече Заев.
Премиерот додава дека Законот за употреба на јазиците е целосно во согласност со Уставот и амандманот 5 кои се донесени пред 17 години и порачува дека никој не e, и не може да биде над Уставот.