502
По средбата со претседателот на државата, специјалниот претставник на ОН, амбасадорот Метју Нимиц, пристигна во Владата. Нимиц беше пречекан од премиерот, Зоран Заев, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
На денешната средба со македонскиот државен и политички врв, медијаторот ќе ги соопшти позициите на Грција во спорот за името. Грчките медиуми веќе соопштија предлози што му ги соопштил на Нимиц шефот на грчката дипломатија, но од официјална Атина нема потврда за овие шпекулации.
По Владата, планирани се средби на Нимиц со лидертите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.