(ВИДЕО) Заев: Пред нас е најголемиот предизвик во борбата со корона вирусот!

by fokus

Пред нас е најголемиот предизвик во борбата со корона вирусот во кој се очекува достигнување на пикот на бројот на заразени. Затоа, потребна е многу голема лична одговорност, на секој од нас и максимална посветеност во заштита на нашето здравје, на здравјето на нашите најблиски, на нашите деца, родители, роднини, пријатели, вели лидерот на СДСМ Зоран Заев, во своето видео обраќање.

-Донесени се нови, заострени мерки од страна на Владата и исклучително е важно нивно целосно почитување. Само така секој човек, секој поединец, секој од нас ќе придонесе во заедничката борба. Да сториме сѐ, преку целосно почитување на мерките и препораките, да го спречиме ширењето на вирусот, вели Заев.

Пред нас е најголемиот предизвик во борбата со коронавирусот во кој се очекува достигнување на пикот на бројот на…

Publiée par Zoran Zaev sur Mardi 7 avril 2020

Поврзани новости