-
Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска беше во селото Богородица, Гевгелиско од каде што испрати порака дека проблемот со водоснабдувањето ќе биде веднаш решен во првите шест месеци од новата Влада.
„Овој гевгелиски регион пати од неколку болести, кој буквално власта го занемаруваше целиот овој период. Не може во 21 век, еве 10 години од кога се појави проблемот со водата за пиење на гевгеличани, никој да не прави ништо сите овие 10 години. Арсенот и неговото присуство во водата за пиење се покажаа преку сите анализи на СЗО, сите анализи кои што покажаа покачување на малигните заболувања и другите видови заболувања, навистина во 21 век ова е недозволиво“, рече Заев.
Тој потсети дека власта избегнуваше да одговори и да признае дека има ваков проблем.
„Јас морам да им ветам на граѓаните дека вакви работи од аспект на вода за пиење, канализација, патна инфраструктура, или слично ќе бидат минато во Македонија. Со промената на власта нема да зборуваме повеќе за теми кои живот значат за граѓаните како што е водата за пиење. Овој проблем ќе биде веднаш одлучен во првите 6 месеци од новата Влада, ќе бидат распишани сите можни постапки и веднаш во најбрзо можно време ќе биде решен“, рече Заев и додаде дека главната преокупација на новата власт ќе биде да отвори пазари, кои досега се недостапни за македонското земјоделие.
ВИДЕО Заев: Новата Влада уште во првите шест месеци ќе го реши проблемот со арсенот
386
претходна вест