586
Премиерот Зоран Заев и сопругата Зорица, заедно со грчкиот колега Алексис Ципрас и неговата партнерка Бети Базиана, за време на престојот во Скопје по завршувањето на набиената дневна агенда, заминале на вечера во винаријата Камник, објавија грчките медиуми.
Според нивните пишувања, Ципрас и Базиана останале во Северна Македонија до полноќ односно се вратиле во Грција околу еден час по полноќ.
Ципрас инаку е првиот грчки премиер кој ја посети земјава. Неговата еднодневна посета опфати потпишување бројни договори за соработка меѓу двете Влади, учество на бизнис форум, а вечерта била завршена со кратка прошетка и вечера во винаријата.
Грчките медиуми забележуваат дека Заев го следел стилот на Ципрас и на вечера се појавил без вртоврска.