Советот за безбедност со предлог до владата да се забрани влез во Македонија на еден европратеник и неколку други лица. Според претседателот Пендаровски постојат сомневања дека дел од овие лица се поврзани со руската разунавачка служба.
„На вакви антидржавни кампањи кои ги спроведуваат политички партии и поединци можеме да одговориме на два начини. Првиот е со културна дипломатска реторика како досега и тој круг на провокации кој предизвикува насилство сигурно нема да заврши. Второ со мерки кои секоја сериозна и организирана држава ги презема во вакви случаи. Мојот предлог до Владата е согласно одредбите на Законот за странци да му забранат влез во земјата да му забранат влез на еден пратеник од Бугарија во Европскиот парламент и на неколку други лица државјани на Бугарија поради дејствија кои ги преземале порано и натаму ги преземаат против нашата држава. Законските услови за таква мерка постоеше порано и се уште постојат тоа се закана за националната безбедност, закана за јавниот поредок и закана за меѓународните односи на РСМ. Тоа значи дека ако лицата се од надвор од земјата да не им биде дозволен влез и да бидат прогласени за персона нон-грата“, рече Пендаровски.
Тој изјавата на бугарскиот министер Милков за репресиите во Македонија, ја нарече страшна и како што кажа единствено може да е точна ако мисли за времето 1941-44 година, а бугарскиот технички премиер го повика да ја посети Ваташа, местото каде се стрелани 12 младинци.