Потегот кој го направи фудбалерот на Акдемија Пандев, Стефан Костов на мечот против Ѓорче Петров беше досега невиден случај на фудбалските терени ширум Европа.
Костов на вчерашниот меч против Македонија Ѓорче Петров направи срамен потег откако со топка во рака трчаше по противничкиот фудбалер и кога не можеше да го стигне ја фрли топката за да ја прекине акцијата.
Без размислување, судијата му даде црвен картон, а видеото од ваквиот момент како вирус се шири на социјалните мрежи.
Освен во Македонија, за ваквата глупост дозна и целиот Балкан но и Шпанија.
И шпанскиот медиумски гигант „АС“ го објави видеото и напиша: „Прва лига во Македонија: Една од најголемите глупости некогаш видени на еден фудбалски терен“.