(Видео) Вулкан еруптираше во Индонезија – загинаа 11 планинари, има и исчезнати

by Fokus

По жестоката ерупција на вулканот Марапи во Индонезија, пронајдени се телата на 11 планинари, а спасувачите трагаат по уште 22 лица кои се водат како исчезнати.

Вулкан во Западна Суматра исфрли големи колони чад до височина од над 3.000 метри, а облаците врела пепел се шират со километри наоколу, јавува АП, наведувајќи дека околните села и околните градови се покриени со тони вулканска пепел.

Околу 75 планинари биле на пат кон оваа планина висока 2.900 метри во саботата кога започнала ерупцијата и ги заробила за време на искачувањето.

Осуммина од спасените беа пренесени во болниците во неделата со изгореници, а еден со скршеница на екстремитет, изјави Хари Агустјан, официјален претставник на локалната агенција за пребарување и спасување во Паданг, главниот град на провинцијата.

Шефот на агенцијата за пребарување и спасување на Западна Суматра, Абдул Малик, рече дека спасувачите утрово пронашле 11 тела на планинари, а трагале по исчезнатите и успеале да спасат уште тројца планинари.

Поврзани новости