(Видео) Вучиќ прави палачинки за утрешниот саем на вино

by fokus

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави и хумористично видео на Инстаграм и ТикТок за тоа како се подготвува за настанот, односно како тој и готвачите се обидуваат да направат палачинки за утрешните гости.

-Ова е мој обид да се подготвам за пречек на голем број гости од странство за утрешниот саем на вино. Оваа подготовка нема да придонесе за мојата физичка кондиција и изглед, но сигурно сум среќен, изјави Вучиќ.

Овогодинешниот саем за вино, кој ќе се одржи од 16 до 19 ноември, ќе собере околу 450 посетители од 48 земји во светот – претставници на дистрибутери, увозници, синџири на големо и мало, како и клиенти од секторот HORECA и продажни агенти.

Саемот ќе собере повеќе од 600 излагачи, од кои 310 од земјите членки на Отворен Балкан, 219 од Србија, 66 од Македонија, 25 од Албанија и меѓу 305 и 310 од други земји во регионот и светот.

@jasamaleksandar

Ovo je moj pokušaj priprema za doček velikog broja gostiju iz inostranstva za sutrašnji vinski sajam. Ova priprema neće doprineti mojoj fizičkoj kondiciji i izgledu, ali sam srećan, svakako. #jasamaleksandar #WineVisionByOpenBalkan #srbija #WineVision #SerbianVines 🇷🇸 #tiktok

♬ original sound – Ja sam Aleksandar

Поврзани новости