(ВИДЕО) Вучиќ: Повик до сите актери на политичката сцена да не користат насилство во својата борба

by Fokus

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска уште еднаш ги повика „сите актери на српската политичка сцена да не користат насилство во својата борба“.

„Прифаќам дека јас сум виновен за тоа што фрлаа топовски истрели и димни бомби кон Народното собрание на Република Србија, но барам од нив да не го прават тоа повеќе и да не размислуваат за дополнителни напади врз државните институции, како што синоќа ги нападнаа РТС и РТВ“, рече Вучиќ во видео објава на Инстаграм.

Поврзани новости