(Видео) Вучиќ им порача на децата од Косово:„Србија е секогаш со вас, имате еден главен град а тоа е Белград“

by Fokus

Српскиот претседател, Александар Вучиќ разговараше со основци од Косово и Метохија кои денеска се во посета на Белград. Тој им се заблагодари за нивната посета.

„Драги деца од сите делови на Косово и Метохија, наша Србија, добредојдовте во друг дел на нашата Србија. Ви благодариме што ни се придруживте денес на 20-годишнината од страшниот погром со нас во Белград“, рече Вучиќ.

„Ви благодариме што ја имавте довербата во вашите учители, и благодарам на учителите што ве едуцираа. Ви благодариме на сите вас од Метохија што сте тука само неколку дена по теророт врз вашите постари. Ви благодариме и на вас од Бањска, кое се обидуваат да го направат место на злото“, рече претседателот Србија.

„Ви посакувам да живеете во Косово долго време со вашите семејства и често да доаѓате во вашиот Белград. Овој ден кој ќе го завршиме со Свечена академија во 18 часот, започна на најубав начин, со децата. Сакам вашата најголема болка да биде дали ќе победи Звезда или Партизан и оценка по историја и српски“, рече Вучиќ и додаде: „Србија е секогаш со вас, никогаш нема да бидете сами“.

Во организација на Канцеларијата за Косово и Метохија викендов во Белград престојуваат околу стотина ученици од Осојан, Гораждевац, селата Бања, Бањска, Штрпац, Витина, Нови Брдо, Гњилан и Косовска Каменица.

Во придружба на своите наставници, тие вчера пристигнаа во Белград, посетија дел од знаменитостите на градот, меѓу другото, ја посетија и Зоолошката градина во друштво на претседателот на Канцеларијата за Министерството за култура и наука, Петар Петковиќ.

Поврзани новости