Ресенчанецот кој завчера беше уапсен во Приштина во заедничка акција на македонската и косовската полиција, за фалсификување евра, бил вработен во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, соопшти МВР и Европол.
„Еurojust“, агенцијата на ЕУ за соработка во кривичното правосудство, објави дека човекот „е осомничен за производство на околу 2 милиони лажни монети од 2 евра, кои требало да проциркулираат во косовската економија“.
Според властите, Косово се соочува со епидемија на фалсификувани монети вредни милиони евра. Земјата не е дел од еврозоната, валутна унија на ЕУ, иако усвои еврото како своја валута во 2002 година.
-Беа извршени претреси на три локации, при што се пронајдени и одземени: две машини со компресори за потиснување, шест метални печати за изработка на монети од две евра, шест вреќи со полупроизвод на монети и една вреќа со готов производ на фалсификувани монети. Одземените предмети ќе бидат предадени на понатамошно вештачење. Македонски државен службеник е уапсен поради наводно масовно производство на милиони фалсификувани монети од 2 евра, објави МВР.