(ВИДЕО) Вознемирувачка снимка од апсење на 12-годишно девојче кое го избоде братот до смрт

by Fokus

Расплакано 12-годишно девојче хистерично и велеше на полицијата дека е „опседнато од „демони“ откако до смрт го избоде својот деветгодишен брат во нивниот дом во Оклахома.

На снимката од камерата која била на телото на полицаецот при приведувањето се слуша како плаче девојка и вели дека и е жал.

– Многу ми е жал! Многу ми е жал мамо! Не сакав да се случи вакво нешто. Ова е некое демонско ср*ње! Не знам што ми се случи – вика девојката чиј идентитет не се соопштува.

Девојката им признала на полицајците дека го избодела момчето повеќе пати додека тој спиел во семејниот дом во Тулса. Убиството се случило нешто пред полноќ во јануари.

На видеото се гледа и како мајката избезумено го следи девојчето и вреска по неа додека моли за прошка.

Поврзани новости