Инцидент се случи при погребот на познатата палестинска новинарка Ширин Абу Акле, која беше убиена во средата додека известувала за воената рација во градот Џенин на Западниот брег.
Израелската полиција употреби солзавец кон присутните на поворката, кои сакаа пеш да го пренесат ковчегот со телото на новинарката од болницата до црквата.
Ожалостените го изнеле ковчегот на Абу Акле од болницата, но израелската полиција ги натерала телото да го пренесат со автомобил.
Европската унија ја осуди „прекумерната употреба на сила и непочитувањето на израелската поција кон учесниците на погребната поворка“, изјави високиот претставник за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел.
Белата куќа порача дека е „крајно вознемирена“ од снимките од погребот на Абу Акле. Вчера американскиот претседател Џо Бајден изјави дека треба да се истражи смртта на новинарката.