Возило на Здравствен дом – Куманово денеска се запали при транспорт на пациент од Скопје во Куманово.
Во возилото биле само пациентот и возачот, но и двајцата се во добра состојба.
Директорот на Здравствен дом – Куманово, Фарук Алили во изјава за „Слободен печат“ вели дека пациентот веднаш бил отстранет од возилото кога возачот забележал чад.
„Пред околу час и половина возилото се врати од транспорт на пациент од Скопје. Возејќи, одеднаш видел дека дими. Застанало возилото, тргнат е веднаш пациентот со оглед на тоа што биле во близина на неговата куќа кога почнало да дими. Имаме и други возила во итната помош но, ова е првпат да се случи вакво нешто. Сите возила се осигурани каско. Нон-стоп се сервисирани и контролирани, не е јасно од што се случил инцидентот. Возачот е во добра состојба“ – изјавил Алили.