(ВИДЕО) Вооружени разбојници ограбија бензинска во Мостар – кршеа се пред нив во потрага по пари

by Fokus

На социјалните мрежи се појави видео од грабежот на бензинската пумпа „Арена“ во мостарската населба Центар 2.

Како што може да се види на видеото, двајца вооружени и маскирани разбојници влегле во објектот и со закани украле две каси.

Грабежот се случил на бензинската пумпа „Арена оил“. Еден од работниците успеал да побегне, додека другиот се обидел да се заштити од крадците кои го удирале неколку пати додека го уништувале инвентарот во потрага по пари.

Засега не се знае колкава сума на пари е украдена.

Од МУП на Херцеговско-неретванскиот кантон потврдија за локалните медиуми дека грабежот се случил околу три часот.

Според полицијата, разбојништвото го извршиле две маскирани лица.

Поврзани новости