Во денешниот ТВ пренос во живо од просториите на еквадорската ТВ станица ТЦ од градот Гвајакил, беа прикажани (вооружени) лица со качулка. Тие ги принудувале вработените да легнат на подот, додека во позадина се слушале истрели и викање.
Инцидентот се случи еден ден откако претседателот Даниел Нобоа прогласи вонредна состојба по бегството од затвор на водачот на озлогласената криминална група.
BREAKING NOW: Masked Gunmen storm TV channel in Ecuador, take hostages..
DEVELOPING..
— Chuck Callesto (@ChuckCallesto) January 9, 2024
Откако беше прогласена вонредна состојба, беа киднапирани најмалку седум полицајци, а низ Еквадор се случија серија експлозии. Водачот на озлогласената криминална група Адолфо Масиас Виљамар, познат како Фито (44), кој меѓу другото е осомничен за убиство на претседателски кандидат во Еквадор, исчезна од затворот, по што властите прогласија двомесечна вонредна состојба.
#URGENTE | 🚨 Delincuentes asaltan el canal Tc Televisión mientras las imágenes se transmiten en vivo. @DanielNoboaOk @PoliciaEcuador pic.twitter.com/ycBv9JNGLp
— La Hora Ecuador (@lahoraecuador) January 9, 2024
Фито издржувал затворска казна од 12 години, но во неделата на 7 јануари чуварите забележале дека тој не е во ќелијата. Оттогаш трае потрагата по водачот на моќната мафијашка група Лос Чонерос, кој побегнал од ќелија во дел од затворот во Гвајакил кој би бил под специјален надзор.
Претседателот на Еквадор, Даниел Нобоа, кој ја презеде функцијата пред три месеци како најмлад претседател во историјата на земјата, прогласи вонредна состојба за период од 60 дена, која меѓу другото вклучува и привремена забрана за јавни собири и полициски час.