Четири лица загинаа, а седум се повредени во вооружен напад на верско училиште во американската сојузна држава Висконсин.
Според полицијата, нападот бил извршен во утринските часови во христијанското училиште „Абндант Лајф“ во Медисон, главниот град на Висконсин.
Шефот на полицијата во Медисон, Шон Барнс изјави дека четири лица загинале, а најмалку седум други се повредени.
Истакнувајќи дека осомничениот за нападот бил ученик во училиштето и дека полицијата го пронашла мртов внатре во училиштето, Барнс нагласи дека полицијата не пукала додека интервенирала.
🚨BREAKING NEWS: Madison Police Confirm 7 Injured, 3 Dead Including The Shooter pic.twitter.com/FuHUCwcDOf
— White Rabbit Jedi🇺🇸 (@WhiteRabbitJedi) December 16, 2024
Полицијата презела опсежни безбедносни мерки во областа и затворила многу патишта за сообраќај.
Во ова основно училиште учат околу 390 ученици.
Белата куќа соопшти дека за овој инцидент бил информиран и американскиот претседател Џо Бајден.