(ВИДЕО) Вооружен 18-годишник пукал по случаен избор, уби три лица во САД

by Fokus

18-годишен вооружен напаѓач во градот Фармингтон во Ново Мексико по случаен избор пукал во случајни минувачи и уби три лица пред полицијата да го застрела пред црква, потврдија властите. Во инцидентот се повредени шест лица, меѓу кои двајца полицајци.

Портпаролката на полицијата во Фармингтон, Шанис Гонзалес, за Ројтерс изјавила дека 18-годишникот пукал по случаен избор во минувачите и дека засега не е познат мотивот за нападот. Полицијата додаде дека тој отворил оган со најмалку три оружја, од кои едното пушка „АР-15“.

На социјалните мрежи се појави видео од нападот, на кое се гледа како маж облечен во црно оди пред црква носејќи предмет налик на пиштол, пред да биде убиен од полицијата. Полицијата ја потврди автентичноста на видеото. Засега не се соопштуваат детали за жртвите.

„Осомничениот е убиен на лице место. Двајца полицајци, еден од полицискиот оддел Фармингтон и еден од државната полиција на Ново Мексико, беа застрелани и двајцата моментално се во Регионалниот медицински центар „Сан Хуан“ и се лекуваат поради повредите и се во стабилна состојба“, се вели во соопштението на полицискиот оддел Фармингтон.

 

Поврзани новости