(Видео) Војската на САД: Русите погодија наш дрон над Сирија

by Fokus

Воздухопловните сили на САД соопштија дека руски борбен авион прелетал „опасно блиску“ до американско беспилотно летало над Сирија и го оштетил со ракети. Ова е само последен во серијата инциденти меѓу САД и Русија кои се случија на Блискиот Исток, објави Си-Ен-Ен.

Американците тврдат дека во неделата руски авион дошол на неколку метри од американскиот дрон MQ-9 Reaper кој учествувал во мисијата против ИСИС над Сирија. Тие додадоа дека еден од руските авиони почнал да пука со ракети пред американскиот дрон, при што сериозно го оштетил неговиот пропелер.

Екипажот на дронот успеа да го контролира леталото и да го врати во матичната база.

„Очигледното непочитување на безбедноста на летот од страна на рускиот ловец ја намалува нашата мисија да обезбедиме траен пораз на ИСИС“, рече генерал-полковник Алекс Гринкевич, командант на Централната команда на воздухопловните сили.

Беше објавено и видео од инцидентот, на кое се гледа како руски борбен авион се приближува и пука ракети во близина на дронот. Сличен инцидент се случи над Црното Море во март, кога авион Су-27 погоди ист тип на американски беспилотно летало, оштетувајќи го неговиот пропелер.

Поврзани новости