925
Во Истанбул е уапсен хрватскиот државјанин Христијан Палиќ, за кој се верува дека е еден од водачите на крилниот картел на Западен Балкан. Веста ја потврди турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.
Тој е осомничен за увоз на кокаин од Јужна Америка во Европа и имал важна улога во перењето пари добиени со криминал, пишува турскиот портал yahizaber.com.
По него трагаа бројни европски земји, а по него и Бразил распиша потерница од Интерпол. Уапсен е во луксузен стан, каде веќе била украсена новогодишната елка.
Кристијан Палиќ извесно време бил следен од турските власти и бил уапсен во акција под кодно име КАРТЕЛ-3 во Бешикташ.