Најмалку 15 полицајци беа убиени во вчерашните серија напади во јужната руска провинција Дагестан, а убиени се и пет напаѓачи, пренесе Ројтерс, повикувајќи се на руските агенции. Вооружени напаѓачи отворија оган врз синагога и две православни цркви во Дербент, како и врз полициски контролен пункт во Махачкала.
Полицијата соопшти дека во нападот бил убиен и православен свештеник, а биле запалени синагогата и православната црква. Агенциите јавуваат дека улични борби избиле во Махачкала, административниот центар на Дагестан. Националниот комитет за борба против тероризмот, од друга страна, соопшти дека се убиени пет напаѓачи.
Chairman of the Public Monitoring Commission of Dagestan Shamil Khadulayev: a priest was killed during the assault in Derbent. His throat was cut.
Security in church was shot. The rest of the priests have closed the church and are waiting for help.
Dagestan Telegram channels… https://t.co/df92tdO4Ip pic.twitter.com/fKai62H4FW
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) June 23, 2024
Локалните агенции јавуваат дека има и цивилни жртви. Дагестан е претежно муслиманска руска провинција на Каспиското Езеро. Соопштено е дека е отворена истрага за „терористички акти“, без дополнителни детали.
Unknown assailants have attacked an Orthodox church and a synagogue in Derbent (Dagestan). It's the only synagogue in the city. Both were apparently set on fire.
There was also a shooting in Makhachkala targeting policemen at the same time — unclear if they are related. pic.twitter.com/m569l9mDt5
— Aric Toler (@AricToler) June 23, 2024
Дирекцијата на Истражниот комитет на Русија за Република Дагестан објави дека покренала истрага за тероризам во врска со нападите според Кривичниот законик на Руската Федерација.
„Се утврдуваат сите околности на настанот и лицата кои учествувале во терористичките напади, а нивните постапки ќе добијат правна оцена“, се наведува во соопштението.