Едно лице загина, а најмалку дваесет се повредени денеска во раните утрински часови во тепачка меѓу навивачи на бразилските клубови Крузеира и Палмеирас.
Бразилските медиуми јавуваат дека тепачката во која учествувале повеќе од 200 навивачи се случила на автопатот во близина на Сао Паоло.
Навивачите на Палмеирас наводно ги нападнале навивачите на Крузеиро кои се враќале од Куритиба, каде нивниот тим загуби од Атлетико Паранаенсе (0:3) во националниот шампионат.
❗️🔥🇧🇷 – In Brazil, a confrontation between organized football fans ended in tragedy.
A member of the Mafia Azul, Cruzeiro fans, was burned to death after the organized Palmeiras fans, Mancha Verde, set fire to a bus with members of the Mafia Azul on board.
Seven members of… pic.twitter.com/cGbrO9ADbI
— 🔥🗞The Informant (@theinformant_x) October 27, 2024
Еден автобус бил запален, а на другиот искршени се сите стакла. Во нередите, еден од навивачите на Крузеиро починал поради тешки изгореници кои покриле 70 отсто од неговото тело, пишува О Глобо. Повредени се 20 навивачи, а неколкумина од нив се приведени во полициска станица.
Извесен период тој дел од автопатот беше затворен поради безбедноста на возачите. Министерот за спорт побара строга казна за навивачките групи кои учествуваа во тепачката.
Двата клуба издадоа соопштенија во кои жалат за инцидентот.