Авион „миг 21“ на српската воено воздухопловство се урна денеска во близина на Мали Зворник за време на редовен тренажен лет, соопшти српското Министерството за одбрана.
Несреќата се случила околу 9 часот наутро, во атарот на селото Брасина, кај Мали Зворник. Како што се наведува, на местото на настанот биле испратени екипи на Службата за трагање и спасување и други надлежни органи.
На местото на несреќата во близина на селото Брасина, кое се наоѓа помеѓу Мали Зворник и бањата Ковилјача, се излезени пожарникари, а реонот го надлетуваат воен и полициски хеликоптер.
Според неофицијални информации од местото на настанот, еден од двајцата пилоти се катапултирал и потрагата по него е во тек.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави дека веста за падот на авионот ја слушнал во Истанбул и дека засега нема официјални информации од Министерството за одбрана.
„Слушнав дека имало несреќа со нашиот стар авион ‘миг 21’, се надевам дека веста не е точна, но ќе ја провериме“, рече Вучиќ.