(ВИДЕО) Во Санкт Петербург маж нападнал луѓе со нож во супермаркет – шест лица се повредени

by Fokus

Шест лица се повредени откако во раните попладневни часови откако маж вооружен со ножеви нападнал посетители на хипермаркетот „Океј“ во Санкт Петербург.

Според рускиот портал Фонтанка, напаѓачот е приведен. Според извештаите на очевидците, осомничениот прво фрлал шишиња кон другите.

Потоа ги грабнал ножевите и ги замавнал наоколу, прободувајќи двапати еден чувар. Посетителите на хипермаркетот се обиделе да го избркаат напаѓачот со импровизирани средства.

Според Државната служба за итни случаи на Украина, четири лица се хоспитализирани со повреди со различна тежина, а напаѓачот исто така е префрлен во медицинска установа.

Осомничениот е идентификуван како 44-годишен локален жител. Мотивот за нападот се уште не е познат.

Покрената е кривична постапка по членот за обид за убиство на повеќе лица, соопштија од Градскиот Истражен комитет.

 

Поврзани новости