Тим кој работел на стар нерешен случај со исчезнати лица, случајно нашле над триесет возила на дното на езеро во јужна Флорида.
Нуркачите кои работат за приватна компанија за истражување на исчезнати лица изјавија дека пронашле 32 автомобили додека истражувале езеро лоцирано во индустриски парк западно од Мајами. Ја известиле полицијата која во вторникот наутро почнала да ги извлекува возилата од езерото.
Автомобилите што ги отстранија во вторникот датираат од околу 90-тите години и сите се поврзани со украдени возила. Очекуваат многумина да помогнат во затворањето на децениските случаи на украдени автомобили, но не ја отфрлија можноста за пронаоѓање на нови докази поврзани со убиства. Најверојатно ќе бидат потребни уште неколку дена полицијата да го заврши извлекувањето.
Портпаролот на полицијата во Мајами-Даде, Алваро Забалета, изјави дека првиот автомобил извлечен од езерото е потврден како украден. Конечниот број на автомобили во езерото сè уште не е потврден поради слабата видливост, но командирот на полицијата во Дорал, Алиша Нил изјави дека станува збор за околу 30.
Њујорк Тајмс објави дека некои од автомобилите во езерото би можеле да датираат од периодот на меѓународната расправија во 70-тите и 80-тите години меѓу колумбиските нарко-картели и владата на Соединетите држави.