Двосед ловец-бомбардер Сухој Су-34 на руските воздухопловни сили се урна во регионот на Волгоград на југозападот на Руската Федерација, јавува руската новинска агенција РИА Новости.
– Авионот Сухој Су-34 се урна за време на обука на пилоти во регионот на Волгоград. Екипажот се катапултира, а животите на пилотите не се во опасност – соопшти Министерството за одбрана на Руската Федерација.
Air crashes in Russia has been quite often these days… and today, a Sukhoi Su-34 is down near Volgograd.
Yep, the crew survived. pic.twitter.com/6tby7FocAX
— Illia Ponomarenko 🇺🇦 (@IAPonomarenko) July 27, 2024
Сухој Су-34 се урна во ненаселена област. Авионот не бил вооружен.
Continued Turmoil and Chaos in the Russian Military
A Russian Sukhoi Su-34 fighter jet crashed during a scheduled training flight in the Volgograd region.
The pilot ejected. #RussiaUkraineWar #Russia pic.twitter.com/qicsJj0AfE
— OSINT WWIII (@OsintWWIII) July 27, 2024
Руското Министерство за одбрана соопшти дека несреќата се случила поради техничка неисправност.
Во тек е истрага.