Голем пожар избил ноќеска околу 2 часот и 3о минути во семејна куќа во Нови Сад. Во пожарот има шест загинати.
Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека во пожарот загинале шест лица – родители и четири деца.
„Телата на жртвите се пренесени во Центарот за судска медицина, а припадниците на МВР интензивно работат на утврдување на сите околности на овој трагичен настан“, рече министерот.
На терен се полицијата, пожарникарите и брзата помош. Полициската истрага е во тек. Според првичните информации, се сомнева дека пожарот избувнал поради електрични инсталации, односно електричен велосипед кој бил на полнач.
„Видов дека гори. Почнав да ги довикувам, но не ме слушнаа“, изјави за Телеграф првиот сосед на семејството кое изгоре во пожарот.