239
Според видеото кое се појави на дел од медиумите, синоќа избувна пожар на плац на излезот на Кочани, веднаш до бензинската пумпа „Авто Петрол” кај населбата Оризари.
Во пожарот неофицијално изгореа автобуси.
Засега нема информации колкава е штетата, дали е пожарот подметнат и со какви информации располага МВР во врска со целиот настан.
Се очекуваат повеќе информации од надлежните во текот на денот.