480
Бетонски кров паднал денес во Нови Сад во текот на невремето што го зафати овој град во Војводина. Како што јавуваат српските медиуми бетонскиот кров паднал на улица, но за среќа избегната е трагедија.
Додека траеше невремето На улицата Стеван Мокрањц во Нови Сад додека траело невремето паднал дел од бетонски кров од зграда, кој веќе бил оштетен од претходните денови кога имаше невреме во овој дел од Србија.
Во близина на местото каде што паднале бетонските делови си играле две момчиња. За среќа тие не се повредени.
U medjuvremenu u Novom Sadu. pic.twitter.com/KeB7MtizrV
— Ksenija (@XeniaKsenija21) July 25, 2023