(Видео)Во Италија во рибарски брод запленети 5,3 тони кокаин

by Fokus

Италијанската финансиска полиција објави рекордна заплена од 5,3 тони кокаин кој бил префрлен од еден на друг брод во близина на брегот на Сицилија.

Ројтерс јавува дека проценетата вредност на запленетата дрога е 850 милиони евра, италијанските власти уапсиле пет лица, од кои двајца Тунижани и по еден италијански, албански и француски државјанин.

Финансиската полиција следеше брод кој патуваше од Јужна Америка до Сицилија и стапна во акција откако авион кој ја сними областа регистрираше фрлање пакети од палубата во водите на Месинскиот теснец со цел да ги земе локален рибарски брод.

Го запреле тој рибарски брод и пронашле сокриени големи количества дрога.

Ренато Скифани, претседател на регионот Сицилија, се вели дека ја пофалил оваа полициска акција, нарекувајќи ја удар за шверцерите на дрога.

 

Поврзани новости