(Видео) Во Бања Лука убиен е Дејан Костиќ – Дела, водач на навивачката група „лешинари“

by Fokus

Во Бања Лука вечерва е убиен Дејан Костиќ – Дела, водач на навивачката група „лешинари“.

Според информациите од медиумите во регионот, дошло до пукање во бањалучкиот ресторан „Стара Ада“, при што бил убиен Дејан Костиќ.

Местото е под строга контрола на полицијата и брзата помош, јавува АТВ.

Дејан Костиќ – Дела ѝ стана познат на јавноста откако малтретираше келнер, а снимката стана достапна за јавноста.

Тој беше осуден на парична казна од 9.000 КМ за кривично дело злоупотреба, тортура и друго нехумано и понижувачко однесување.

Костиќ претходно се претставуваше како водач на навивачи на ФК Борац.

Поврзани новости