Во Австралија активни се околу 164 пожари, а 65 се уште не се локализирани. На терен се излезени 2.700 пожарникари.
Последните 24 часа, пожарникарите ги опишаа како „најлоши“. Во Памбули, во Нов Јужен Велс, секаде има чад, а атмосферата е како на Марс, поради непријатната црвена боја. Улиците се пусти и полни со густ чад над кој се надвива нереално црвено небо. Некои 30-тина километри појужно црвеното небо надвисна и над градот Иден. Таму стотици жители, според упатствата на полицијата, побарале засолниште на плажите. Во таа област се уништени бројни куќи, а властите стравуваат дека може да има и мртви.
Слично е и во Еден, околу 30 километри понатаму. Голем број куќи се уништени, а многу жители најдоа засолниште во плажите.
Еден маж (47) почина од срцев удар додека му помагал на пријателот да го спаси својот имот во градче во близина на Канбера. Со тоа, бројот на починати од пожарите од септември, порасна на 24.
Од пожарите се погодени сите шест сојузни држави. Изгореа повеќе од 5 милиони хектари земја.