(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: За 400 функционери повластен паркинг, штета од 2 милиони евра

by Fokus

Стотици автомобили на функционери од власта и членови на Демократскиот сојуз, на СДСМ, на ДУИ биле ослободени од плаќање паркинг во Скопје, изјави порпарлот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски кој денеска на прес-конференција објави списоци, за кои како што рече, им биле доставени од укажувач.

Стоилковски посочи дека според ценовникот на катните гаражи, за четири години повластените потрошиле, односно, заштедиле над два милиони евра за паркирање низ Скопје. Толку чини годишна карта за 400 возила, за четири години во катните гаражи во Скопје.

Поврзани новости