(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Со „љубави“ дипломатијата Пендаровски ја донесе државата до ова дереџе

by Fokus

Стево Пендаровски ја срамеше Македонија во меѓународните односи. Со „љубави“ дипломатијата ја донесе државата до ова дереџе во кое што се наоѓа, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Имено на меѓународен настан Пендаровски им пријде на српската премиерка и бугарскиот премиер со „љубави как си? Имаш поздрав од Зоки“. Да не е трагично за државата, би било комично. Ваков речник не приличи ни за муабет во маало, а не на мултилатерален настан. Не е ни чудо што во продолжението на видеото исто како и на неговиот мандат Пендаровски беше игнориран. Додека претседателите и премиерите се борат за своите земји, говорат за стратешки инвестиции, патишта и инфраструктура, Пендаровски стои настрана, ѕирка позади нечие рамо и мисли дека на тој начин некој ќе го забележи.

Ете затоа Македонија во меѓународните односи бележи неуспеси. Со „љубави“ дипломатијата никој не те есапи сериозно. „Љубави“ на крајот заврши со вето, но остана срамот.

Понизноста и несериозноста на Стево Пендаровски ја руши сликата за Македонија, а со тоа тој го погазува достоинството на функцијата, државата и народот. Затоа е време за промени“ порачаа од опозициската партија.

Поврзани новости