„Пендаровски Стево половина од времето потроши да им се допадне на официјалните лица во Софија. Бојко Борисов го поздравуваше со `как си љубави`, на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев јавно му се заблагодаруваше за политичката поддршка што му ја дал, а дното го достигна со изјавата `Гоце Делчев се декларирал како Бугарин` обвинуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму велат „очигледно на Пендаровски му беше поважно да го пофалат во Бугарија, отколку да ги заштити интересите на граѓаните во Македонија. `Љубави`, поддршката од `евродепутатот Ковачев` и изјавата `Гоце Делчев се декларирал како Бугарин` нека си ги стави во отчетот за тоа што сработил во овие 5 години мандат, па може ќе му речат браво бугарските функционери и негатори на македонскиот идентитет“.
„Пендаровски треба да знае дека беше избран за претседател и земаше плата од народните пари за да биде заштитник на македонските позиции, а не на странските. Сега пак бара мандат од оние граѓани кои ги заборави и изневери. За жал освен понижувања, менувања ставови и погазување на достоинството на народот, не видовме ништо позначајно од Пендаровски. Тој го изгуби својот кредибилитет и интегритет“ е партискиот став.