За да одиме напред, мора да имаме информации за минатото, поточно што ни остави владата на СДС, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
„Актуелниот претседател на СДС, Венко Филипче за време на неговото министерување освен грижа за местење тендери немаше ништо за граѓаните, никакви подобрување на здравството. Филипче и првиот човек на компанијата Брако, Кочо Анѓушев ги игнорираа ни помалку ни повеќе обвинувањата и укажувањата дека се виновни за пожарот во тетовската модуларна болница каде живи изгореа 14 луѓе.
Филипче не одговори за начинот на кој е спроведен контроверзниот тендерот или не одговори зошто е спроведуван за набавка на парчиња, а не цел објект со што биле заобиколени протоколите за безбедност.
Оваа Македонија ќе ја смениме! Неспособноста завршува со нив, работиме 100 проценти одговорно за твојата иднина!“ порачаа од партијата.