(ВИДЕО) Владата со пренос од државниот пречек на загинатите

by fokus

Претпладне се очекува на скопскиот аеродром да слетаат двата воени авиони на Бугарија со посмртните останки на македонските граѓани кои загинаа во автобуската несреќа на автопатот Струма.

Владата организира државен пречек од кој ќе има и видео пренос. На плоштадот Скендербег се поставени венци, а граѓаните може да им оддадат почит на загинатите.

По пристигнувањето на аеродромот, телата веднаш ќе бидат пренесени кон нивните домови и ќе им бидат предадени на семејствата.

-Државниот дочек на посмртните останки од загинатите граѓани во трагичната автобуска несреќа во Република Бугарија, започнува околу 10:55 часот на Меѓународниот аеродром „Скопје“, а истиот можете да го проследите преку следниот линк, објавија од Владата.

 

Поврзани новости