343
Нереална снимка доаѓа од малиот град Сао Лоренко до Баиро во Португалија, откако настанала хаварија во два резервоари за вино во локална винарија, па се истуриле 2,2 милиони литри црвено вино, течејќи по улицата.
Два цистерни во сопственост на дестилеријата Левира попуштиле во неделата под неразјаснети околности. Збунетите локални жители гледаа како виното, речиси доволно за да наполни базен со олимписка големина, тече низ улиците на градот.
Излевањето беше толку големо што локалните власти објавија еколошка тревога и беа принудени да го пренасочат виното за да спречат да ја загадува блиската река Чертима.
Пожарникарите ја блокирале поплавата и виното го пренасочиле од реката, каде што безопасно излегло на терен, јавуваат локалните медиуми.