578
Со засега три потврдени случаи на корона вирусот, градот Крушево ги почитува мерките за забрана за движење со цел да се спречи ширењето на заразата.
Со викенд полицискиот час во земјава и во Крушево останаа празни улиците без воопшто луѓе по улиците, а само четири лица кои не се од Крушево се санкционирани за непочитување на мерките од петокот до денеска.
Полицискиот час за викендот започна во петокот од 16 часот, а ќе заврши утре во 5 часот наутро.
Фото – Сител ТВ
Ј.Ц.