(Видео) Верижен судир на два автобуси и камион во Турција: има загинати и повредени

by Fokus

Најмалку две лица загинаа, а осум се повредени утрово на автопат во Турција, во верижна сообраќајна несреќа во која учествувале два автобуси и камион.

Автобус кој изгубил контрола предизвикал несреќа во селото Каракурт, област Сарикамиш во Карс, јавува телевизискиот канал НТВ.

Турската телевизија јавува дека на местото на несреќата се испратени голем број медицински, полициски и спасувачки екипи.

Поврзани новости